Туморите на мозок вклучуваат тумори кои се појавуваат во мозокот, како и тумори кои се појавуваат во околните ткива и растат кон внатрешноста на черепот. Сe уште нема јасни информации за тоа како се развиваат мозочните тумори, за разлика од некои други типови тумори. Единствено сигурно е дека може да ја зафатат која било возрасна група.

Кои се симптомите?

Туморите на мозок може да покажуваат вообичаени симптоми: остри главоболки, гадење и повраќање, кои се јавуваат како резултат на зголемувањето на притисокот, кој настанува поради фактот што се лоцирани во внатрешноста на черепот. Покрај овие, во зависност од зафатената област на мозокот може да се појават и други симптоми: слабост или трпнење во левата или десната половина на телото, неправилно движење, губење на видот, губење на слухот, губење или нарушување на меморијата, тешкотии во зборувањето или нерамнотежа. Кај тумори на хипофизата може да настанат разни хормонални нарушувања, како нередовна менструација, прекумерен раст на дланките или на стапалата итн.

Кои се методите на дијагностицирање?

Современите методи за снимање кои се користат при дијагностицирањето на мозочните тумори се компјутерска томографија и снимање со магнетна резонанца. Кај одредени типови тумор компјутерската томографија овозможува значајни информации. Во денешната современа медицина, златен стандард во дијагностицирањето на мозочни тумори е снимањето со магнетна резонанца. Овој метод овозможува детални информации за структурата на мозокот, за регионот каде што туморот е лоциран, за типот на туморот кај одредени случаи, а дава и прецизни информации за тоа во колкава мера мозокот и нервите се зафатени од туморот. Дополнително, може да бидат потребни и други методи, како ангиографија и ПЕТ/КТ.

Како се лекуваат?

Во основа, при третманот на мозочни тумори се применуваат три посебни методи: хируршка интервенција, терапија со лекови и терапија со зрачење. Главно, најупотребуван метод за третман на мозочните тумори е хируршката интервенција. Овој метод е првиот избор поради фактот што туморите генерално притискаат на мозокот и со тоа го зголемуваат интракранијалниот притисок.

Хируршка интервенција: Со хируршката интервенција се постигнува отстранување на туморот, ослободување на мозокот и на нервите, како и можност за пато-хистолошко испитување со цел да се одреди типот на туморот. Xируршките интервенции забележуваат значителен прогрес. Како пример може да се наведе употребата на хируршкиот микроскоп, кој стана стандард, а интраоперативниот МР даде значаен придонес во отстранувањето на некои тумори. Исто така, примената на денешната современа хирургија овозможи значително намалување на степенот на компликации. Сега пациентите можат да бидат отпуштени од болница за многу пократок период и да се вратат на своите секојдневни активности.

Хемотерапија (третман со лекови): Технологијата на полето на третман со лекови забележува значителен развој. Употребата на хемотерапија во третманот на малигните тумори го продолжува животот на пациентот, а кај одредени случаи овозможува целосно излекување. Третманот со лекови може да се употреби и во третман на бенигните тумори на хипофизата.

Зрачење (радиотерапија): Радиотерапијата која долго време се употребува во третманот на мозочните тумори забележува голем технолошки развој. Брзиот развој на апаратите и методите за радиотерапија придонесува истите да се карактеризираат со намалени несакани ефекти и со зголемена ефикасност. Како резултат на овие предности, наместо класична хирургија, кај повеќето мозочни тумори сe почесто се употребува радиохирургија со “Gamma Knife”.

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language