Gamma Knife е радиохируршка техника која се употребува за лекување мозочни тумори без потреба од операција. Овозможува брз третман кај мозочни тумори со дијаметар помал од 3,5 мм без притоа да има потреба од ризични хируршки операции и крвавење. Терапијата со Gamma Knife не се изведува под целосна анестезија, трае еден час по што пациентот може да се врати дома истиот ден.

Во медицината терминот радиохирургија е воведен од славниот шведски неврохирург Ларс Лексел. Терминот се однесува на канализирање на многу нискоенергетски зраци кон заболениот регион во черепот фокусирајќи се на конкретниот регион и изменувајќи го ткивото со овозможување висока енергија конкретно во една точка. Gamma Knife апаратот првпат е употребен во 1968 год. Првенствено користен само во неколку болници низ светот, неговата употреба стана широко распространета откако беа докажани терапевтските придобивки. Денес апаратот се користи во околу 300 болници во светот. Според статистиката од 2009 год., проценето е дека повеќе од 500.000 пациенти со различни мозочни заболувања биле третирани со овој апарат. Пред да се примени радиохирургија со Gamma Knife, заболеното место во черепот, кој е фиксиран со базична стереотактичка рамка, се одредува со помош на компјутери. Ова место се озрачува со гама-зраци од извор кобалт 201. Нискоенергетските зраци од секој извор не ги оштетуваат здравите ткива во мозокот. Gamma Knife има многу предности: може да се користи за мозочни тумори и за функционални нарушувања. Дијаметарот на туморот што ќе биде третиран не смее да биде поголем од 3,5 см. Gamma Knife овозможува ефикасен третман без употреба на скалпел и крвавење. Дополнително, ја елиминира потребата од анестезија и од интензивна нега, а терапијата трае само неколку часа. Веднаш по третманот пациентите може да продолжат со нормалниот секојдневен живот.


Фази на терапијата со Gamma Knife

• Сместување на стереотактична рамка:

Leksell – стереотактична рамка (специјална рамка прицврстена на главата) се прицврстува пред почетокот на терапијата. Постапката се изведува под локална анестезија. Кај пациентите помали од 10 години потребно е давање седативи со цел да се изврши процедурата.

• Невро радиолошко снимање:

Oткако рамката е прицврстена, се применува методот на снимање соодветен на патологијата на пациентот. Постапката што се применува денес на сите пациенти е магнетна резонанција (МР). Во случај на артериовенска малформација, се изведува ангиографија преку стереотактичка рамка. Понекогаш компјутерската томографија е исто така вклучена во постапката на третман кај пациенти со тумори на мозокот или кај пациенти за кои не може да се примени МР.

• Планирање доза:

Благодарение на специјалниот компјутеризиран софтвер за одредување на дозата на радијација, истата се ограничува на целното ткиво со голема прецизност. Зраците кои доаѓаат до здравите ткива може да бидат блокирани од некои насоки преку користење блокади. Развојот на компјутерски софтвер за планирање од овој аспект нуди големи предности. Додека трае постапката, пациентите се во можност да гледаат телевизија или да го поминат времето во разговор, со што неудобноста е сведена на минимум.

• Примена на радијација:

По направениот компјутерски третман, се применува третманот со Gamma Knife. Времето на третманот трае помеѓу 30 минути и 1-2 часа. Две прашања се одлучувачки: големината на туморот и дозата на зрачење што ќе се примени.

Кои предности ги нуди терапијата со Gamma Knife?

• Ја елиминира потребата од отворена операција кај многу типови тумори на главата и вратот.
• Несаканите ефекти се многу ретки.
• Нема потреба од целосна анестезија.
• Пациентите може да се вратат дома на денот на третманот.
• Покус период на заздравување.
• Не остава лузни.
• Пациентите може да се вратат на работа за многу кратко време.
• Здравите мозочни ткива примаат многу мала доза на радијација.

Кој може да биде третиран со Gamma Knife?

Gamma Knife бил користен низ светот од 1968 год. а бројот на третирани пациенти сe повеќе се зголемувал. Се смета за златен стандард во стереотактичната радиохирургија. Може да се користи за третман на: васкуларни нарушувања, бенигни тумори, малигни тумори, кинетоза, функционални нарушувања и мозочни тумори кои се тешко достапни или тумори во длабоки регии.

Васкуларни нарушувања:

• Aртериовенозни малформации (Абнормални)
• Каверноми
• Аневризма на вената на Гален

Бенигни тумори:

• Вестибуларни шваноми (Акустичен баланс-невром)
• Хемангиобластом
• Менингиом
• Хордом
• Питуитарарни неоплазми
• Тригеминални шваноми
• Пинеални тумори
• Краниофаренгиом

Малигни тумори:

• Метастази
• Окуларен меланом
• Астроцитом
• Глиобластом
• Хемангиоперицитом
• Гломус тумор
• Карцином на назофаринкс

Нарушувања на движењето:

• Паркинсонова болест
• Есенцијален тремор
• Мултиплекс склероза

Функционални нарушувања:

• Tригеминална невралгија
• Епилепсија
• Хронична болка

Мозочни тумори кои се тешко достапни или тумори во длабоки регии:

• Кај пациенти кои поради различни причини, како возраст, здравствена состојба, не можат да подлежат на операција.
• Кај пациенти кои одбиваат отворена операција.

 

 

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language