Секоја година во светот 500.000 жени се дијагностицирани со карцином на матката, кој е еден од најчестите видови карциноми и ги зафаќа женските полови органи. По карциномот на дојката, овој тип канцер е втората најчеста причина за смртност кај жените. Во последните години бројот на жени со оваа дијагноза значително се зголемува.

Што претставува?

Овој вид карцином го зафаќа долниот дел од матката, односно цервиксот, кој ги спојува вагината со матката. Канцерот настанува кога на површинскиот слој од грлото на матката се појавуваат абнормални клетки наречени „прекурсори на карцином“. Станува збор за прекарциномни структури кои доколку не се дијагностицираат во почетниот стадиум, преминуваат во карцином на матката. Основен одговорен фактор за оваа промена е ХПВ, познат како хуман папилома вирус. ХПВ е вирус кој се пренесува по сексуален пат и ги предизвикува гениталните брадавици. 

Гинеколозите советуваат секоја жена барем еднаш годишно да направи ПАП тест бидејќи само преку овие тестови може да се откријат какви било промени на грлото на матката. ПАП тестот, познат како Папаниколау тест, овозможува рано дијагностицирање на абнормалните клетки во грлото на матката, пред тие да започнат да се менуваат во преканцерозни структури или да прераснат во карцином на грлото на матката. Во развиените земји, каде што жените редовно прават ПАП тест, значително е намалена стапката на болни од карцином на грлото на матката.

Кои се фактори на ризик?

Фактори на ризик кои можат да бидат причина за промена на клетките во грлото на матката се следните:

•ХПВ инфекција, 
•Возраст,
•Прв сексуален однос во рана возраст,
•Менување на повеќе сексуални партнери,
•Повеќекратни бремености,
•Лоши социо-економски услови,
•Пушење,
•Лоша генитална хигиена, 
•Контрацептивни таблети, недостиг на витамините А, Ц, Е во исхрана, како и дефицит на фолна киселина.

Колку често се јавува?

Карцином на грлото на матката обично се јавува кај жени во средна и постара возраст.

Кои се симптомите?

Вообичаено првите симптоми за детекција на карцином на грло на матката се вагинално крвавење при сексуален чин, нечист вагинален исцедок, болки при мокрење или вагинална непријатност. Карциномот на грлото на матката може да зафати поголема површина и да се прошири кон празнината на матката, надолу кон вагината и странично на ѕидот на карлицата. Со својот притисок може да направи инвазија на мочниот меур и ректумот, па да се појави запек, траги од крв во урината, затнување на уретрата и хидроуретер (експанзија на уринарна цевка) или хидронефроза (проширување на бубрезите). Исто така, во зависност од зафатеноста на пелвичен ѕид, може да се вклучат и дополнителни симптоми, како болки во нозете, едем и хидронефроза.

Како се дијагностицира?

• ПАП тест - При примена на овој тест се зема брис од вагината, кој се испитува од страна на патолозите и се прави сортирање на нормални и абнормални клетки. Денес со редовни ПАП тест контроли се очекува смртноста кај пациентките заболени од карцином на грлото на матката да се намали за 70 отсто. Друга метода која овозможува директно набљудување на лезиите е колпоскопијата. Со помош на овој оптички инструмент грлото на матката може да се зголеми од 6 до 40 пати. Ако во резултатите на ПАП тест се пронајдат абнормални структури, тогаш се користи колпоскопија или, пак, биопсија.

• ХПВ ДНК - При сомнителни резултати се препорачуваат методите за ХПВ ДНК. Ако наодот на ПАП тестот е нејасен, а ХПВ ДНК се позитивни тогаш потребно е почесто следење на состојбата на пациентот.

Како се лекува?

• Радиотерапијата е метод на терапија кој може да се користи во секоја фаза на карциномот на грлото на матката. Во почетниот стадиум на карциномот ширењето на болеста е многу мало, затоа како преден план се користи хируршки третман. Во напредните фази како основна форма на третман е радиотерапијата. Хируршкиот третман е насочен кон отстранување на карциномот во областа каде што е примарниот карцином на грлото на матката и местата каде е можно ширење. Хируршкиот третман освен според големината на туморот, може да се разликува и според местото на изведување на интервенцијата: грлото на матката, цела матка и лимфните јазли, односно може да се промени според големината на хируршките техники.

• LEEP (Loopelectrosurgicalprocedur) - Leep е нова техника за дијагностицирање и лекување на промените на грлото на матката со помош на ласер. Се користи нисковолтажна струја која истовремено и сече и коагулира па крвавењето е сведено на минимум. 

• Криотерапија - Криотерапијата е метод која се користи за отстранување на кондиломи, брадавици или бенки. Овие промени на ткивото се замрзнуваат со процес на ладење, при што ја губат функционалноста и изумираат.

Превенција

• Се препорачува ПАП тестот да се направи во рок од 3 години по прва сексуална активност, додека на возраст над 30 години може да се направи ПАП тест на секои две до три години. Доколку пациентката е со висок ризик, ПАП тестот треба задолжително да се прави двапати годишно.

ХПВ вакцинирање

Од суштинско значење за спречување на овој вид карцином е ХПВ вакцината, која се прима во периодот пред започнување со сексуални односи. Целта е пациентките да се заштитат од пред цервикалдиплаза, неоплазија, карцином на матката, генитални брадавици (condylomatаaccuminatа) и прекарциномогенитални лезии. Дури иако е примена вакцината за ХПВ, треба да се продоложи со испитување на грлото на матката, односно ПАП тест. За да се спречи пренесување на вирусот за време на сексуален чин, како метод за заштита се препорачува употреба на кондом.

Некои видови ХПВ создаваат карцином

Се смета дека ХПВ инфекциите имаат големо влијание во развојот на карцином на грлото на матката. 99,7 проценти од цервикалните карциноми содржат ХПВ ДНК. Постојат 200 видови од овој вирус којшто е откриен на кожата и мукозните мембрани, а 40 проценти од нив се наоѓаат во епителот на анусот и гениталиите. Најчестиот начин на пренос на инфекцијата е преку сексуален однос.

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language